Манчестер јунајтед првпат после 45 години врза три порази по ред на домашен терен во Премиер лигата, откако вечерва беше совладан на „Олд Трафорд“ од Њукасл со 0-2. За „црвените ѓаволи“ ова е четвриот пораз по ред и петти под водство на Рубен Аморим на првенствен меч.
Александер Исак уште во четвртата минута го донесе Њукасл во водство од 0-1, додека на 0-2 зголеми Жоелинтон во 19-тата минута и многу рано го постави конечниот резултат.
Манчестер јунајтед имаше поголем посед на топката, но тоа не вроди со плод, бидејќи упатија само еден удар во рамки на голот на Дубравка, па во Новата година ќе влезат на 14-тата позиција на табелата со само седум бода предност од местата кои носат испаѓање од Премиер лигата.