Манчестер јунајтед го загуби првиот меч на мини азиската турнеја. Црвените ѓаволи загубија со минимални 1-0 од „ѕвездите на Југоисточна Азија“ во меч кој се одигра во главниот град на Малезија, Куала Лумпур.
За Манчестер јунајтед настапија Онана, Мегваер, Далот, Угарте, Каземиро, Хојлунд… а од клупата за резерви влезе и Бруно Фернандеш, но сепак победата им припадна на „ѕвездите на Југоисточна Азија“, состав за кој настапија тотални анонимуси од земји како Тајланд, Филипини, Камбоџа, Австралија, Малезија, Виетнам, Лаос, Сингапур, Источен Тимор, Мјанмар и Индонезија.
Единствениот гол на мечот беше постигнат во 71-вата минута, а стрелец беше Муанг Лвин од Мјанмар. Следниот меч на Манчестер јунајтед на азиската турнеја ќе биде во петок, и тоа против селекцијата на Хонг Конг.