Нов Србин ќе го засили РК Вардар

Ракометарот на Динамо Панчево, Марко Тасиќ, се наоѓа пред трансфер во редовите на Вардар. Според информациите од српските медиуми, договорот меѓу двете страни е практично постигнат, а преостанува уште клубовите да ја усогласат сумата за обештетување што скопскиот тим треба да ја исплати.

Доколку трансферот се реализира, Тасиќ ќе стане уште еден дел од „српската колонија“ во Вардар. Претходно во клубот пристигнаа Вукашин Воркапиќ и Урош Митровиќ, а за летниот период е најавено и доаѓањето на голманот Милан Бомаштар.

Дваесет и тригодишниот ракометар е познат по својата цврста игра во одбраната, што се смета за негов најсилен адут. Тој сè уште има важечки договор со Динамо Панчево, па токму затоа прашањето за обештетување останува последниот чекор пред финализирање на трансферот.

Во меѓувреме, Вардар веќе обезбеди уште едно засилување за следната сезона, левиот бек Леон Љевар од Слован Љубљана, што покажува дека клубот сериозно го гради тимот за претстојните предизвици.

- Оглас -

Најнови вести