Нов студен туш за Барса, гол им даде и Кадис и води на „Камп ноу“ (Видео)

Барселона повторно прими гол на „Камп ноу“ по шокантната елиминација од Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на Европа, а вечерва на храмот на фудбалот мрежата им ја затресе и Кадис.

Екипата што се бори за опстанок во Ла Лига поведе со голот на Лукас Перес во 50-тата минута и гостите водат со 1:0.

Голот на Перес за 0:1 на „Камп ноу“ можете да го погледнете ОВДЕ.

Кадис имаше зицер и во првото полувреме, промашија празен гол од петерецот, но сепак водат со голот на Перес и најавуваат сензација против шпанскиот гигант.

 

- Оглас -

Најнови вести