2.8 C
Skopje
понеделник, 2 февруари 2026

Нов теквондо успех за Македонија: Мила Рељиќ со бронза во ОАЕ

Македонската олимпијка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на Фуџарија Г2 опен во Обединетите Арапски Емирати, а само повредата ја спречи да се бори и за највисокото место на пиедесталот.

Нашата теквондистка победуваше противнички од Хонг Конг и Мароко, но во полуфиналето ја предаде борбата против Иранката Косар Асасех, па на крајот се закити со бронзен медал.

Рељиќ во полуфиналето се повлече само по десет секунди борба поради повреда.

- Оглас -

Најнови вести