Нов термин за Ел Класико, кому му одговара промената?

Иако уште не е официјално објавено, речиси сигурно е дека првото Ел Класико во шпанскиот фудбал сезонава, дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид, ќе се игра на 24 октомври во 16 часот. Дербито е закажано за 25 октомври, недела, на „Камп ноу“, но ќе дојде до промена на терминот и пресметката на најлутите ривали ќе се игра во денски термин, без присуство на публика.

Не е првпат Ел Класико да се игра во дневниот термин кој им одговара и на азиските љубители на фудбалот. Барса и Реал се популарни во Азија, па нивните фанови во Кина, Јапонија и другите земји ќе може да го гледаат мечот во вечерните часови, наместо да седат до средината на ноќта ако мечот се играше во европски вечерен термин. Мечот ќе биде во прифатлив термин и за публиката во САД и Јужна Америка.

Двата тима имаат мечеви од Лигата на шампионите пред меѓусебниот дуел, а Каталонците можеби веруваат дека играњето денски против Реал повеќе им одговара ним, ако се знае дека претходните две Ел Класика кои се играа на сончева светлина завршија со 5-1 и 3-0 за Барса, која во минатата сезона на двата меча против мадриѓаните не даде ниту еден гол.

- Оглас -

Најнови вести