Нов тежок фудбалски нокаут доживеа Англија со пораз на нивната репрезентација за играчи до 17 години од Полска со 0:5.
Младите Полјаци апсолутно доминираа во мечот за третото место на „Сиренка“ купот и испорачаа петарда во мрежата на Гордиот Албион.
Се истакна 16-годишниот тинејџер Мајк Хурас со хет-трик, а со играчот на Штутгарт стрелци беа и Волски и Коланко.
https://twitter.com/LaczyNasPilka/status/1574716523163394050?s=20&t=9OvkzfkqJb09ohT-AeExyA
Англија има многу фудбалски проблеми што треба да се решат, а ги пече и испаѓањето од Сегментот А во Лигата на нациите, каде што беа последни во групата на смртта со Италија, Унгарија и Германија.
Гордиот Албион не забележа ниту една победа на шест меча и заврши со три бода и преселба во Сегментот Б, а само по неколку дена стигна и полскиот дебакл со петарда во мрежата на талентите од Островот на возраст до 17 години.