Пари Сен Жермен има сериозни проблеми и само пет дена надеж дека двете големи ѕвезди Килијан Мбапе и Лионел Меси ќе бидат подготвени за првиот осминафинален дуел против Баерн во Лигата на шампионите.
Мбапе се повреди на првиот ден од февруари и оттогаш не игра, а Меси се пожали на проблем со тетивата по поразот од Марсеј со 2:1 вчера во Купот на Франција.
Првиот натпревар со Баерн парижани ќе го играат на свој терен, на 14 февруари од 21 часот.
Веќе е објавено дека Меси нема да игра задутре за ПСЖ на дербито против Монако и не е во експедицијата што ќе патува за Малото Кнежевство.
Тоа значи дека ќе има време да одмори и да се обиде да ја санира повредата, а од ПСЖ се надеваат дека ќе биде комплетно фит, или во полошата варијанта за нив, да одигра барем дел од мечот со Баерн.