Нов циркус на Африканскиот куп на нациите: Организаторот трипати не можеше да ја погоди која е химната на Мавританија (ВИДЕО)

Како да не беше доволен циркусот на главниот судија на средбата меѓу Тунис и Мали, па Африканскиот куп на нациите ни донесе уште една неверојатна случка.

Овојпат тоа се случи пред почетокот на средбата меѓу Мавританија и Гамбија, каде што организаторот дури трипати пушташе погрешна химна на Мавританија.

Нивните играчи од срам во неверица само ја мрдаа главата.

Ова се навистина големи пропусти како за еден сериозен турнир кој е пандан на Европското првенство.

- Оглас -

Најнови вести