Скандалот со Гејлор Канга се шири во Африка и челниците на фудбалската асоцијација на Габон ќе мора да објаснат како фудбалерот на Црвена Ѕвезда успеал да се роди во 1990 година, како што е заведено во неговиот пасош, а мајка му починала 4 години претходно.
Сега Африканската фудбалска конфедерација бара одговори, а можно е селекцијата на Габон и главните луѓе во тамошниот фудбал да добијат и казни.
Габонците стравуваат дури и од драстични санкции и можна елиминација по административен пат од Африканскиот куп на нации што ќе се игра идната година.
https://twitter.com/PiedsCarres/status/1395619278641143810?s=20
Репрезентацијата на Габон, чија главна ѕвезда е Пјер-Емерик Обамејанг обезбеди настап на Африканскиот куп на нации што ќе се игра во Камерун во јануари идната година.
Канга има 47 настапи за Габон и два постигнати гола.