Нов циркус во Барселона – Бартомеу не поднесе оставка, чека заштита од Штабот за цивилна заштита

Жозеп Бартомеу не поднесе оставка и чека заштита од Цивилната заштита на Каталонија, или од популарниот ПРОСИКАТ (PROCICAT).

ПРОСИКАТ е главниот штаб за цивилна и територијална заштита на Каталонија и одлучува за мерките во услови на ковид-19.

По маратонскиот четиричасовен состанок на Бордот на директори на Барселона, останатите тројца главни раководители во клубот, Вилажоана, Кардонер и Бордас, сакале да поднесат оставки, но Бартомеу се спротивставил и ќе ја чека конечната одлука од ПРОСИКАТ.

Претходно навивачите собраа доволно гласови со референдумска акција за да има предвремени избори за претседател на Барселона, но Бартомеу одлучи да не отстапи и да не ја почитува волјата на мнозинството симпатизери на клубот.

Првиот човек на каталонскиот гигант се повикува и на кризата со ковид-19, но ако ПРОСИКАТ донесе одлука да го прифати референдумското изјаснување на навивачите, тогаш Бартомеу ќе мора да си замине.

 

 

- Оглас -

Најнови вести