Арсенал има големи проблеми со своите играчи, а серијалот смешни потези продолжува. Најнов гаф е тој на играчот од средниот ред Мејтланд-Најлс, кој денеска истрча на терен на дуелот со Гимариш со ланче на вратот.
Нешто што за играч од реномираната Премиер лига и од клуб каков што е Арсенал е комплетно непрофесионално, па во текот на мечот мораше да излезе од игра и да го отстрани ланецот, за да продолжи.
Според фудбалските правила фудбалерите не смеат да имаат ништо на себе во тек на меч освен спортската опрема, но Мејтланд-Најлс веројатно се заборави, па му нанесе нов срам на клубот со долга традиција и големо реноме во светскиот фудбал.
Арсенал неодамна имаше проблем и со капитенот Гранит Џака, кој се скара со публиката, па ја загуби почеста да биде лидер на тимот.
Топчиите одиграа нерешено 1:1 во Португалија и се на прагот на пласман во следната фаза во Лигата на Европа, но серијалот непрофесионални потези на играчите очигледно продолжува.
Did Maitland Niles really wear jewelry on the pitch? Absolutely unprofessional #ARSVSC #UEL pic.twitter.com/8LbDBLY33t
— Deji’s Views (@dejiview) November 6, 2019