Италијанскиот калчолигаш Интер планира да го замени Турчинот Чалханоглу со нов Турчин. Хакан Чалханоглу е на излезна врата од „Џузепе Меаца“, особено по конфликтот со Лаутаро Мартинез, а финалистот на Лигата на шампионите сака да му најде достојна замена.
Желба на раководството на Интер е уште еден турски фудбалер. Тоа е Оркун Кокчу, кој настапува за португалската Бенфика.
Интер е подготвен да ја плати отштетата и да го доведе Кокчу во Милано. Тренерот Кристијан Киву инсистира да биде ангажиран нов играч за врска, кој би делувал во тандем со Николо Барела.