Елиф Елмас повторно постигна гол, ова му е четврти погодок во седмиот настап за Торино во италијанската Серија А.
Македонскиот репрезентативец речиси еден месец немаше гол, но денеска погоди убаво на мечот со Верона за 1-1, неутрализирајќи го водството на противникот.
Најефикасната сезона во кариерата на Елмас беше 2022/2023 кога даде 6 голови на 36 меча, просек од гол на секој шести настап. Сега во Торино има феноменален процент, а овој денешниот му е прв гол на стадионот во Торино, првите три му беа на гостувањата.
⚽️ GOAL: Eljif Elmas
🇮🇹 Torino 1-1 Hellas Veronapic.twitter.com/hgR49YHxlb
— Goals Xtra (@GoalsXtra) April 6, 2025