Нов убедлив пораз на Македонија, талентите на Словачка славеа со 64:46

Младите кошаркари на Македонија на возраст до 20 години го доживеаја и третиот пораз на четвртиот меч во групата Д на Б шампионатот на Европа, а подобри беа Словаците.

По последниот неуспех со 46:64, Македонија заврши на четвртото, претпоследно место во групата Д и ќе разигрува за пласман од 9-16 место.

Почнавме одлично и по првиот период од десет минути водевме со 17:9, но потоа се случи нов дебакл. Словаците се разиграа и ја добија втората четвртина со 31:11, а потоа беа подобри и во второто полувреме за убедлив триумф со 18 поени разлика.

Во нашиот табор ниту еден кошаркар не успеа да постигтне двоцифрен број поени, а најефикасен беше Павле Михајловски со 9 поени.

- Оглас -

Најнови вести