4.8 C
Skopje
четврток, 27 ноември 2025

Нов удар за Барселона: По поразот од Челзи, останаа и без значаен фудбалер од средниот ред

Барселона доживеа вистинска катастрофа на гостувањето кај Челзи во Лигата на шампионите откако загуби со 3-0, а ВАР им поништи уште три гола на сините. Сепак, тука не е крајот на маките на Ханси Флик, кој остана и без услугите на Фермин Лопес, кој се повреди во Лондон.

Фудбалерот од средниот ред не тренираше со остатокот од екипата и ќе биде надвор од терените околу две недели, а тоа значи дека нема да настапи на дуелите против Алавес, Атлетико Мадрид и Бетис, а најверојатно и против Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на шампионите.

Тоа отвора можност за враќање на Дани Олмо во стартната постава, а опција плус ќе биде и Педри, кој веќе тренира и наскоро се очекува неговото враќање.

- Оглас -

Најнови вести