32.8 C
Skopje
четврток, 14 август 2025

Нов удар за Луис Енрике: Уште една ѕвезда ќе ги напушти Светците летово?!

Еден од најзаслужните за освоените титули на ПСЖ минатата сезона, Џанлуиџи Донарума, ќе го напушти клубот и најверојатно во новата сезона ќе го брани голот на Манчестер сити, но Светците може да добијат уште еден „удар“ ова лето.

Според информациите на шпанските медиуми, Реал Мадрид подготвува понуда од 90 милиони евра за Витиња. Португалецот има договор уште на четири сезони со Светците, а неговата вредност се проценува на 80 милиони евра.

Во моментов тешко е за верување дека раководството на ПСЖ ќе се откаже од неговите услуги, иако понудата на Кралевите е примамлива.

- Оглас -

Најнови вести