Нов удар за Манчестер јунајтед: Поради поразот во финалето од ЛЕ ќе плати висока казна

Манчестер јунајтед ја заврши најлошата сезона во последните неколку децении. Тимот е на 16-тото место во Премиер лигата, што е најлош пласман уште од времето кога последен пат Црвените ѓаволи испаднале од елитното друштво.

И покрај очајните настапи во Англија, Манчестер имаше шанса да ја заврши сезоната со трофеј и да обезбеди место во Лигата на шампионите, но гигантот од „Олд Трафорд“ загуби во финалето на Лигата на Европа од Тотенхем со 1:0 и остана без трофеј, но и без место во европските купови.

Токму поради тој пораз од Тотенхем и непласирањето во Лигата на шампионите, Манчестер јунајтед ќе мора да плати „пенали“ на спонзорот „Адидас“. Познатиот бренд за спортска опрема има повеќегодишен договор со англискиот тим, а во тој договор има клаузула во која се вели дека Манчестер јунајтед не смее да пропушти две сезони по ред да не игра во Лигата на шампионите. Токму тоа се случува сега, па затоа некогашниот гигант ќе мора да му исплати на „Адидас“ 10 милиони фунти.

 

- Оглас -

Најнови вести