Нов успех на СКМ: Адријана Поп Арсова второпласирана на женскиот маратон

Најдобрата македонска маратонка, Адријана Поп Арсова, го освои одличното второ место на Скопскиот маратон со резултат 2:39:39. Тоа беше послабо за 1:47 од победничката Ирине Јеруто од Кенија.

Третата позиција на женската маратонска трка ѝ припадна на кенијката, Вивиен Јелагат, која заостана четири минути позади нашата натпреварувачка.

Претходно, на машкиот маратон, Дарио Ивановски го освои третото место во силна конкуренција од неколку кенијски атлетичари.

- Оглас -

Најнови вести