Сребрениот медалист од Летните олимписки игри во Токио, Дејан Георгиевски, успеа да дојде до златниот медал на Г1 турнирот „Скопје опен“ и така да освои нови бодови на патот до норма за учество на ЛОИ 2028.
Георгиевски до златото дојде на доминантен начин, победувајќи во полуфиналето со 2-0 над Бадаровски, а со максимален резултат славеше и во големото финале над Керим Куцуецсунхур од Германија.