Нов ВАР кикс во Премиер лигата: Поништија гол затоа што гледаа погрешен играч

Вест Бромич албион синоќа без многу проблеми со 3:0 славеше против Саутхемптон во меч на кој е видена една од најконтроверзните судиски одлуки сезонава, а е поврзана со ВАР-технологијата. Домаќините поведоа уште во четвртата минута, но судиите и ВАР-системот го поништија тој погодок.

ВАР-системот прегледуваше и утврди дека Кајл Баркли навистина беше во минимален офсајд, но проблемот е тоа што Баркли не беше играчот кој даде гол и не требаше да се мери неговата позиција. Погодокот го постигна Мбаје Дијагне, кој очигледно беше во дозволена позиција, а Баркли воопшто не влијаеше во целата ситуација за погодокот.

https://streamable.com/6nahbu

„Поради позицијата на камерата, не можеа да повлечат линија низ телото на Дијанге, па остана одлуката за офсајд“, рече коментаторот на „Скај спорт“.

https://youtu.be/8TCNnj62_bY

За среќа на ВБА, домаќините во продолжение на средбата постигнаа уште три погодоци и на крајот стигнаа до сигурна победа.

 

- Оглас -

Најнови вести