Реал Мадрид нема намера да го купува Килијан Мбапе ова лето туку наредното, и тоа поради желбата на фудбалерот да заработи што повеќе пари.
Весникот „Марка“ пишува дека управата на Реал Мадрид ги одложи плановите за трансфер на Мбапе бидејќи фудбалерот планира да остане и следната сезона во ПСЖ за што ќе инкасира неверојатни 250 милиони евра од платата и бонусите.
Оваа одлука исто така не им се допаѓа на челниците на ПСЖ бидејќи ќе го загубат Мбапе бесплатно бидејќи идното лето му истекува договорот.
Првите луѓе на ПСЖ му поставија ултиматум на Мбапе, или ќе потпише нов договор или ќе биде продаден, но се чини дека се немоќни да сторат нешто повеќе.
Иако Ливерпул е подготвен да плати 250 милиони евра отштета, Мбапе сака да игра само за Реал Мадрид, и нема да прифати преселба во друг тим.
Според „Марка“, единствено нешто што во ПСЖ би можеле да му го направат на Мбапе е да го остават на клупа цела сезона, но прашање е дали можат и смеат да си дозволат такво нешто.