Нов Зеланд ужива во придобивките од новиот формат на квалификации за СП

Фудбалската репрезентација на Нов Зеланд е една од најсреќните со новиот формат на квалификации за пласман на Светско првенство, бидејќи Океанија за првпат доби директно место на Мундијал.

Во Океанија во тек е втората фаза квалификации, а Нов Зеланд со победата од 8-1 над Вануату покажа колку е пред останатите ривали во својата група. Во третата фаза ќе играат четирите најдобри, а Нов Зеланд и Нова Каледонија се сигурни, додека во игра се Фиџи, Тахити, Вануату и Папуа Нова Гвинеја. Победникот од тие баражи кои ќе се играат во март, има сигурно место на СП.

Нов Зеланд досега има играно на СП само во 1982 и 2010 година, а сега се чини дека редовно може да биде учесник на мундијалите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести