Нова 50-ка во НБА, овојпат од играч од кого не се очекуваше такво нешто (Видео)

Дури и вечерта кога „никој“ не гледаше НБА-лига се случи нешто што го предизвика вниманието на медиумите. Детроит пистонс го победи Орландо меџик со 134-120 во единствениот меч кој се играше, а сензационално шоу приреди Садик Беј.

Беј, кој игра за Пистонс, постигна дури 51 поен и реализираше десет тројки, а имаше и десет скока. Тој уште во првата четвртина даде дури 21 поен и најави дека ќе има партија на кариерата.

Кога го драфтуваа во 2020 година, за Беј се зборуваше дека не е којзнае колку добар шутер, туку дека главна одлика му е добрата одбрана. Се покажува дека не е баш така и дека скаутите направиле лоша проценка. Беј сезонава има просек од 16,3 поени по меч и затоа 50-ката против Орландо се смета за изненадувачка.

Претходниот личен рекорд му беше 33 поени, а десетте тројки се изедначување на клупскиот рекорд за играч на Детроит.

- Оглас -

Најнови вести