Најдобрата обложувалница во Македонија, Sport Life, за повозбудлив декември на своите верни играчи кои имаат СЛ картички им приредува нова акциска игра, и тоа за обложување во живо.
„Биди Live експерт и освој вреден подарок“, порачуваат од Sport Life.
Ќе има четири неделни етапи, од кои првата почна вчера и ќе трае до 8 декември. Во секоја етапа победник е корисникот којшто ќе погоди највисок коефициент на добитен тикет (несистемски, во игра се само оние со една комбинација) уплатен со уплата од најмалку 100 денари, кој содржи исклучиво натпревари од понудата за обложување во живо.
Промоцијата важи само за членови на СЛ клубот и за тикети регистрирани на СЛ клуб картичка.
Најдобриот во секоја етапа одделно добива вредносен ваучер од 45.000 денари од „Техномаркет“ или „Анхоч“ и од таму сам си одбира подарок по своја желба.
Сите детали околу оваа промотивна игра може да ги најдете на сајтот на Sport Life.