Вообичаено, понеделнички, АТП ја објави новата ранг-листа на тенисерите. Новак Ѓоковиќ повторно е на првата позиција, што за него претставува 381-ва недела како лидер, со што само го подобри сопствениот рекорд. Србинот на врвот се врати иако не настапи на мастерс-турнирите во Индијан Велс и Мајами. Шпанецот Алкарас падна на втората позиција откако загуби во финалето во Мајами и сега е второпласиран со 6.780 поени зад Ѓоковиќ, кој има 7.160.
На третата позиција е Циципас, додека на четвртото место се искачи освојувачот на мастерсот во Мајами, Русинот Медведев. Првата петорка ја комплетира Каспер Руд.
Сега започнува сезоната на играње на земјена подлога, а прв таков турнир ќе биде Мастерсот во Монте Карло. Ѓоковиќ и Алкарас ќе се судрат во директен дуел за првата позиција на овој турнир, а тој што ќе го освои, ќе биде и лидер на АТП-листата. Доколку ниту едниот, ниту другиот не триумфираат, тогаш Србинот ќе биде во предност.