Нова бламажа на финалистите во Лига на Европа, добро е што не може да испаднат од Премиер лигата

Манчестер јунајтед и Тотенхем ќе играат во финалето од Лига на Европа и еден од овие два тима ќе играат во Лига на шампиони следната сезона. Тоа ќе биде прв пат во историјата на ЛШ, клуб кој малку фалело да испадне од домашното првенство да игра во елитното натпреварување на УЕФА.

Манчестер јунајтед денеска на „Олд Трафорд“ со 0:2 загуби од Вест хем, а Тотенхем со истиот резултат загуби на свој терен во Лондон од Кристал Палас.

По овие порази, Манчестер јунајтед падна на 16 место на табелата со само 39 бодови, а Тотемхем е на 17-тото место, последно кое носи спас од испаѓање. Лондонскиот тим има 38 бодови по 36 кола.

- Оглас -

Најнови вести