Дарвин Нуњез летово беше промовиран како големо засилување за кое Ливерпул ѝ плати на Бенфика 100 милиони евра.
Но, Уругваецот никако да почне да ги оправдува вложените средства, а шанса за да си ја поврати формата, има на оваа репрезентативна пауза, каде што со Уругвај ќе одигра два пријателски натпревари.
Според тоа што може да се види, напаѓачот е далеку од идеална форма, а потврда за тоа е и видеото од еден од последните тренинзи на оваа јужноамериканска селекција. Едноставно, кога не оди, не оди.
I can’t believe my eyes pic.twitter.com/qCJ8L9vmc0
— Alan🧉 (@lfcalannn) September 20, 2022