Нова боксерска трагедија, Сантилјан им подлегна на повредите

Аргентинскиот боксер Уго Алфредо Сантилјан почина како резултат на последица од ударите кои ги доби во една битка во рингот. Популарниот Динамита, кој се бореше во суперлесна категорија, имаше 23 години.

Аргентинецот е втор починат боксер неделава по Максим Дадашев, кој исто така почина по една борба во која прими доста удари во главата. Сантилјан имаше меч против Уругваецот Едуардо Абреу и според аргентинските медиуми, во текот на четвртата рунда имал крварење од носот, но успеал да ја комплетира борбата до крај.

Тој имал оток во мозокот и не успеал да излезе од кома. Проблемите почнале да се прошируваат и на другите органи, па тој, за жал, почина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести