Тениска болница во Њујорк – „Били Џин Кинг“ ќе прими 87 пациенти, „Луј Армстронг“ ќе готви храна за 25 илјади луѓе

Тенискиот комплекс „Били Џин Кинг“ на кој се играат натпреварите од последниот гренд слем во сезоната ќе биде претворен во болница во битката со Коронавирусот.

Њујорк е американскиот епицентар на опасниот вирус и се преземаат мерки за да се преброди кризата, па на ред дојде и познатиот комплекс, кој ќе може да прими 87 илјади луѓе. Тениските терени ќе се претворат во болница, а кујната што го носи името на Луј Армстронг ќе подготвува околу 25 илјади пакети храна за пациентите, за волонтерите, за работниците и за учениците во Големото Јаболко.

Здравствените работници бараа помош и ја добија, па ќе има нов болнички капацитет во битката со Коронавирусот.

Отвореното првенство на САД во тенис треба да се игра од 24 август до 13 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести