Нова „бомба“ на повидок во НБА: Клиперс нудат петмина играчи за Џон Вол

ЛА клиперс сака да си ги зголеми шансите за освојување на шампионската титула така што ќе се обиде да го доведе експлозивниот бек на Хјустон рокитс, Џон Вол.

Заедно со него, Клиперс би имале голема тројка покрај ѕвездите Кавај Ленард и Пол Џорџ, а за лидерот на Ракетите се подготвени да понудат дури петмина кошаркари.

Доколку шпекулациите се вистинити, Клиперс ќе се откажат од Ивица Зубац, Лу Вилијамс, Маркус Морис, Лук Кенард и Патрик Беверли, а во нивните редови покрај Вол, треба да пристигнат Бен Меклемор и Даниел Хаус, како и три идни пикови на Хјустон од драфтовите во 2021, 2022 и 2024 година.

Инаку Вол сезонава веќе беше трејдуван во Хјустон од редовите на Вашингтон визардс во замена за Расел Вестбрук, но тимот од Тексас не може да ги поддржи амбициите на еден од најдобрите плејмекери во НБА-лигата, па затоа голема е веројатноста да се случи нова „бомба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести