Новиот фудбалер на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, ја прекина соработката со својот долгогодишен менаџер Жорж Мендеш, пренесуваат португалските медиуми.
Роналдо и Мендеш соработуваа повеќе од 20 години, а прекинот на соработката наводно се случил во ноември минатата година, пред Светското првенство во Катар.
Португалските медиуми тврдат дека суперагентот му бил лут на Роналдо, кој самоволно решил да го раскине договорот со Манчестер јунајтед.
„Тој потег на Роналдо го навреди Мендеш, кој со месеци бараше клуб за својот клиент. Мендеш во 2021 година успеа да ги убеди челниците на Манчестер јунајтед да го вратат Роналдо. Тој не знаел ништо за плановите на португалскиот фудбалер“, пишуваат португалските медиуми.
Cristiano Ronaldo and Jorge Mendes have split. One of the reasons was due to Ronaldo granting Piers Morgan a purposely offensive interview directed at Manchester United, the coach, and the cook, against the advice of Mendes. [@publico]#TheGoalpostNews #Ronaldo #Mendes #MUFC pic.twitter.com/n8LfXDnzxe
— The Goalpost (@TGoalpost) January 4, 2023
Пред да го потпише договорот со Ал-Наср, Роналдо ги откажа сите права на ликот и делото кои беа наплатени од компаниите на Мендеш во име на португалскиот фудбалер.
Медиумите потсетуваат дека Роналдо потпишал договор со Ал-Наср до јуни 2025 година, според кој ќе заработува 200 милиони евра годишно. Мендеш од овој договор требаше да добие провизија од најмалку 30 милиони евра.
Роналдо за нов менаџер го ангажирал Рикардо Регуфе, кој му е човек од доверба на фудбалерот.
Мендеш за дводецениската соработка со Роналдо од различни провизии заработил повеќе од 100 милиони евра.