Нова бура кај соседот: Капитенот Тадиќ нема веќе да игра за Србија

Капитенот на фудбалската репрезентација на Србија, Душан Тадиќ, нема да продолжи да настапува за националниот тим. По фијаското на ЕВРО 2024 и недоразбирањата што ги имаше со селекторот Драган Стојковиќ-Пикси, кој на дел од натпреварите го остави и на клупата за резерви, тој одлучил да стави крај на репрезентативната кариера, тврди српски „Телеграф“.

„Тадиќ не ги објаснува причините за својата одлука, но може да се насети дека сѐ пукна на Европското првенство кога јавно ги критикуваше одлуките на селекторот Драган Стојковиќ–Пикси, кој не го стави во почетниот тим за дуелот против Англија“, истакнува „Телеграф“.

Тадиќ има 35 години, за Србија одигра 111 натпревари и постигнал 23 гола. Оваа информација, сепак треба и официјално да биде потврдена во наредниот период.

 

- Оглас -

Најнови вести