Килијан Мбапе доби директен црвен картон во победата на Реал Мадрид над Алавес (0-1), што автоматски повлекува суспензија. Според правилникот на Ла Лига, директниот црвен картон носи казна од еден до три натпревари, зависно од тежината на прекршокот.
Меѓутоа, во официјалниот извештај на судијата Сезар Сото Градо е наведено дека Мбапе бил исклучен по дуел во којшто одел на топката, што може да резултира со минимална казна, односно само еден пропуштен натпревар.
Disgusting from Mbappe pic.twitter.com/g2FsYqkczo
— ¹⁰ (@SxrgioSZN) April 13, 2025
Мадридските медиуми стојат цврсто зад ставот дека казната е фер и оправдана, додека во останатиот дел од Шпанија владее незадоволство. Многумина сметаат дека прекршокот бил многу погруб, дека Мбапе воопшто не бил блиску до топката и дека сериозно можел да го повреди Антонио Бланко.
Во фокусот на јавноста е финалето на Купот на Кралот меѓу Реал Мадрид и Барселона, закажано за 26 април.
Сепак, според актуелните проценки, Ембапе најверојатно ќе биде суспендиран само за претстојниот првенствен натпревар против Атлетик Билбао.
Тоа значи дека ќе биде достапен за Карло Анчелоти за дуелот со Хетафе на 23 април, како и за големото финале во Купот на Шпанија три дена подоцна.