Нова драма на Атлетико: Јорганџиите со гол од пенал во 100 минута стигнаа до победа

Навивачите на Атлетико Мадрид се научија на драматични дуели на „Ванда Метрополитано“, а овојпат таа драма беше со среќен крај за нив. Шпанскиот првак се намачи, но на крајот успеа да го победи Еспањол со 2:1 и да остане во Топ 4 на табелата.

Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме, а Атлетико поведе со погодокот на Караско во 52 минута. Во 71 минута Кондогбија заработи црвен картон, па Атлетико остана со играч помалку, а Еспањол брзо израмни преку Де Томас.

Судијата покажа пет минути продолжување, а токму во петата минута, од надополнувањето се случи ситуација во противничкиот шеснаесетник кога ВАР системот покажа дека има пенал за Атлетико.

Дури во 10 минута од судиското надополнување Караско го изведе пеналот и погоди за победа на Атлетико од 2:1. Атлетико сезонава има освоено 10 бодови благодарение на погодоци дадени по 90 минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести