Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Рандал Коло Муани, одлучи со штрајк да издејствува трансфер во ПСЖ.
Францускиот репрезентативец не се појави на денешниот тренинг на Ајнтрахт откако вчера за германските медиуми изјави дека на управата на клубот ѝ порачал дека сака трансфер во ПСЖ.
Управата на Ајнтрахт пак му е лута на својот фудбалер бидејќи не му дала дозвола да зборува со медиумите околу неговиот трансфер во ПСЖ додека течат преговорите.
Тие не одат според очекуваното, Ајнтрахт не отстапува од своето барање, отштета во висина од 100 милиони евра, додека ПСЖ нуди само 70 милиони плус и Уго Екитике, но младиот фудбалер одби да се пресели во Бундеслигата, со што дополнително се закомплицира ситуацијата на два дена пред крајот на преодниот рок.
Фудбалерот веќе ги договорил личните услови со ПСЖ и во желбата да издејствува трансфер, се одлучил да го следи примерот на колегата од француската репрезентација, Бенжамен Павар, кој неколку дена штрајкуваше пред Баерн да попушти и да го продаде на Интер.