Нова драма во Истанбул, овојпат со среќен крај за домаќините (Видео)

Фенербахче победи со 73:69 против Олимпијакос, што значи дека мајсторката ќе реши кој од овие два тима ќе се избори за место на фајнлфор завршницата. Неверојатно интересен беше дуелот на кој двата тима се менуваа во водство, но ниту една од екипите не успеа да има повеќе од пет поени предност.

https://twitter.com/i/status/1654554912032952320

Олимпијакос водеше со 60:59, а потоа следуваше серија од 8:1 и Фенербахче поведе со највисоки шест поени предност, а потоа и со 70:63 па домаќините не ја прокоцкаа предноста.

За тоа колку се израмнети екипите во овој фајнлејт покажува и фактот дека дури три четвртфинални дуели се со резутлат 2:2 во победи и мајсторката треба да го даде патникот на завршницата и борбата за трофејот. Засега единствено Барселона е сигурен патник во полуфиналето на кошаркарската Евролига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести