Интер Мајами го совлада Нешвил со 3-1 во меч од плејофот во МЛС лигата на кој Лионел Меси постигна два гола.
Така Меси дојде до бројка од 891 погодок во кариерата, од кои само 29 му се со шут со глава. Еден таков постигна и против Нешвил за 1-0. Меси до 890 голови во кариерата дојде побрзо од Кристијано Роналдо, му требаа околу 90 меча помалку, а и една година е помлад од возраста на Португалецот кога тој дојде до 890.
Пред мечот, Меси доби „Златна копачка“ за прв стрелец во регуларниот дел од лигата, постигна 29 голови на 28 меча.
Инаку серијата се игра во две добиени средби, па за да оди во четвртфинале на плејофот, на Интер му треба уште една победа против Нешвил, а на следниот меч Меси и другарите ќе гостуваат.
GOOOOL! Asistencia de Lucho ➡️ Cabezazo de Leoooo ⚽️💥 pic.twitter.com/LuVc9vIV79
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) October 25, 2025

