Нова епизода од аферата Бакнеж: Се појави ново видео кое фрла поинакво светло на скандалот (Видео)

Претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубијалес, во седиштето на Светската фудбалска федерација (ФИФА) испрати нова снимка која би требало да фрли ново светло во аферата бакнеж, објавија шпанските медиуми.

Видеото било направено два часа по финалниот меч на Светското првенство во кое Шпанија славеше со 1:0 над Англија, а на победничкиот пиедестал, Рубијалес ја бакна во уста фудбалерката Џени Ермосо.

На новото видео кое е испратено во ФИФА се гледа како Ермосо се смее и зборува со фудбалерките.

„Како Икер и Сара“, им зборува Ермосо на фудбалерките притоа покажувајќи им фотографии од бакнежот меѓу поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и шпанската новинарка по триумфот на Шпанија на СП 2010 година.

„Мајко моја. Не видовте? Беше преплавен со емоции“, додава Ермосо.

Рубијалес иако се најде на удар на јавноста, на фудбалските работници и на шпанската влада, одби да си поднесе оставка од претседателската функција во Федерацијата, додека ФИФА го суспендира на 90 дена додека трае истражната постапка.

- Оглас -

Најнови вести