22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Нова фантастична партија на Новак Ѓоковиќ за полуфинале во САД

Новак Ѓоковиќ успеа да дојде во полуфиналето на Отвореното првенство на САД откако го совлада домашниот тенисер Тејлор Фриц со максимални 3-0.

Србинот уште во првиот сет покажа кој е фаворит и го доби сетот со убедливи 6-1 со три брејк топки, но и еден изгубен сервис.

Вториот и третиот сет завршија со идентични 6-4 за Новак Ѓоковиќ. Во вториот сет клучен момент беше брејкот во третиот гејм што го направи Србинот, а потоа само успеа да го одбрани својот и да дојде до водство од 2-0.

Најмногу возбудувања имаше во третиот сет. Ѓоковиќ направи брејк во седмиот гејм и кога се чинеше дека финишот ќе биде само формалност, го загуби следниот сервис и Фриц израмни на 4-4. Сепак, веднаш потоа во деветтиот гејм следуваше нов брејк на Ѓоковиќ, кој на крајот се покажа како доволен за освојување на сетот и победа од 3-0.

- Оглас -

Најнови вести