По освојувањето на НБА титулата со тимот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ ужива во летото заедно со своите пријатели. Српскиот центар кој беше прогласен за МВП на финалната серија прави „фешти“ и надвор од кошаркарскиот терен.
Од првиот ден на одморот замина во родниот Сомбор, каде што уживаше во коњичките трки, а потоа беше во Италија, па и до Босна и Херцеговина. Изминатиот викенд го помина на реката Тара, а потоа продолжи на Дринска регата.
Јокиќ заедно со своите пријатели уживаше во рафтингот, кога во еден момент реши да скокне од чамецот, и тоа на атрактивен начин, правејќи салто. Овој негов потег наиде на воодушевување кај неговите пријатели.
View this post on Instagram