Нова ранг-листа на ФИФА, колку да мине редот – Македонија остана на 68-мото место

Македонија остана на 68-мото место на најновата ранг-листа на ФИФА што е објавена попладнево, а доаѓа колку да се запази редот и континуитетот.

Ова е веројатно и најчудниот период во фудбалот во последните децении, а досега, откако ФИФА почна да ги рангира националните селекции, не се случило да има само една промена во конкуренција на 210 светски фудбалски репрезентации.

Имаше само четири меѓународни натпревари, а Јужен Судан напредуваше за една позиција и сега е на 168-мото место. Сите останати селекции си ги задржаа своите позиции во однос на претходното рангирање.

Првото место е за Белгија, пред актуелниот светски првак Франција, по нив е најтрофејниот Бразил, а во Топ-10 редум се и: Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.

Нашиот следен ривал во полуфиналните баражи за настап на ЕП 2021, селекцијата на Косово, е на 115-тото место.

- Оглас -

Најнови вести