Нова фудбалска битка за Мадрид, Атлетико и Реал не можат да калкулираат

Фулам – Манчестер јунајтед (13.30 часот)

Бодовите се екстра значајни за двете екипи со различни амбиции во Премиерлигата. Фулам на 13. колa до крајот на англиското првенство е заглавен во опасната зона, со 7 бода помалку од првата екипа над опасната зона и мора да освојува бодови.

Но, главното прашање е како да се справи со забревтаниот тим на Манчестер јунајтед, кој е во серија од 9 меча без пораз и има неверојатно добра традиција во дуелите со тимот од Лондон.

Последен пораз на „црвените ѓаволи“ од Фулам е тој во 2009 година и оттогаш Јунајтед има серијал од 11 меча без пораз. Според формата и денеска гостите од Мначестер се многу поблиску до победа, што ќе ги остави во битка за позиции кои водат во Лигата на шампионите.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.95) Квота на денот

 

Атлетико Мадрид – Реал Мадрид (16.15 часот)

На ред е ново дерби на Мадрид, најголемото што се игра во главниот град на Шпанија. Во последно време дуелите на овие два тима добија многу поголема димензија, бидејќи двете екипи играат одлично во континуитет. Играа и две екстра возбудливи финалиња во Лигата на шампионите, кои ги доби Реал.

Сепак ова е нов дуел во Ла Лига, а последните три завршија без победник. Денеска повторно влогот е голем, а евентуалното нов реми, четврто по ред, ако се случи најмногу ќе и одговара на Барселона.

Последните дуели на Атлетико и Реал беа скромни со голови. Денеска и двете екипи не можат да калкулираат, ако сакаат да продолжат да се надеваат дека ќе го стасаат и прескокнат лидерот Барселона.

Проблем за Атлетико е што повторно нема да играат Диего Коста, веројатно и Диего Годин, Коке и Саул Нигез. Нивното отсуство е многу поголем хендикеп од неиграњето на Маркос Љоренте кај Реал Мадрид.

Предлог тип: Х2&2+ (2.15) Квота на денот

 

Пари Сен Жермен – Бордо (17 часот)

За ПСЖ мечот со Бордо е само попатна станица кон Манчестер и екстра важниот прв меч од осминафиналето во Лигата на шампионите против Јунајтед. Тој меч на 12. февруари е во мислите на играчите на веќе сигурниот првак на Франција. На домашен терен титулата е веќе освоена, па сега се подгреваат амбициите за поход кон пехарот во Лигата на шампионите.

Нејмар нема да игра, веројатно и Верати ќе одмори и на овој меч, а можно е Томас Тухел да одлучи уште некој од главните столбови на светците да не игра против Бордо. Гостите отпатуваа за Париз без исклучениот Саломон Калу, а нема да игра ниту Зајду Јусуф.

Предлог тип: Т1 2+&ГГ (2.30) Квота на денот

 

Фиорентина – Наполи (18 часот)

Лани Фиорентина беше клучот на неуспехот на Наполи, откако во Фиренца со 3:0 го декласираа денешниот гостин и му ја одземаа шансата за титула. Кулибали беше исклучен во раната фаза од мечот, а потоа брзо исчезнаа шансите на наполитанците да се победи во Фиренца и да се претрка Јувентус.

Гостите се подготвени за одмазда, но ќе треба да најдат чаре како да го освојат „Артемио Франки“, нешто што го немаат направено од 2014 година.

На 16 кола до крајот на Серија А избраниците на Карло Анчелоти се уште се надеваат на подвиг, повторно во трка за трофејот со Јувентус и ќе мора да најдат победнички рецепт за денеска.

Фиорентина ја декласира Рома во купот со 7:1, има многу солиден тим што може да му направи нов проблем на Наполи.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.18)

 

Еспањол – Рајо Валјекано (18.30 часот)

Двете екипи се во долниот дел од табелата во шпанското првенство, а во подобра позиција и фаворит за победа е Еспањол. Рајо Валјекано нема победено на последните пет гостувања во Барселона, а во одредена варијанта им одговара и реми.

Проблем за тимот за кој брани Столе Димитриевски е отсуството на Трехо, а неизвесен е настапот на Елустондо и на Какута. Еспањол има проблем повеќе, а денеска нема да играат Дуарте, Хермосо, Налдо и Перез.

Димитриевски и одбраната на Рајо Валјекано ќе мора особено да внимаваат на одличниот напаѓач на Еспањол, Борха Иглесиас, кој има постигнато 9 гола и е во топ-10 на листата со најдобри стрелци во Ла Лига.

На спротивната страна главен адут за голови е Раул Де Томас исто така со 9 погодоци.

Предлог тип: ГГ (1.83)

 

- Оглас -

Најнови вести