Нова фудбалска магија на Меси, два прекрасни гола и асистенција за Аргентинецот (Видео)

Интер Мајами беше убедлив пред своите навивачи и со 4:2 славеше над Монтреал во меч од МЛС-шампионатот во САД. Двете најголеми ѕвезди на Интер Мајами, Лионел Меси и Луис Суарес, едноставно беа незадржливи и направија шоу за уживање.

Меси постигна два гола, а имаше и една асистенција, а со ист биланс од два погодоци и една асистенција беше и Суарес.

Серијата погодоци ја отвори токму Меси во 27-мата минута, со прекрасен погодок од далечина, по асистенција на Бускетс.

Потоа мрежите мируваа до 68-мата минута, кога Суарес по асистенција на Меси погоди за 2:0. Суарес го постигна и третиот погодок за Интер Мајами, а за крај следуваше ново шоу на Меси. По двојно проигрување со Суарес, Аргентинецот буквално на колена го собори противничкиот голман и погоди за 4:1 во тој момент. До крајот на средбата, Монтреал постигна втор погодок за да го ублажи поразот.

- Оглас -

Најнови вести