Нова фудбалска револуција, судијата на навивачите ќе им ги објаснува ВАР одлуките

Интернационалната фудбалска асоцијација која се грижи за правилата (ИФАБ) на вчерашниот состанок донесе одлука, главните судии на навивачите на стадионите, но и на тие што ќе ги следат натпреварите пред ТВ екраните, да им ги објаснуваат одлуките за спорните моменти што ги донеле по прегледување на снимката или по консултација со луѓето во ВАР собата.

Ова правило е преземено од НФЛ лигата, каде главниот судија на навивачите им ги објаснува одлуките донесени по консултации со останатите судии или по прегледување на спорниот момент.

ИФАБ донесе одлука, ова правило да има пробен период од 12 месеци, почнувајќи од Светското клупско првенство што од 1. до 11. февруари ќе се игра во Мароко.

„Сметаме дека ова е важен чекор кон транспарентност, а исто така и навивачите на трибините ќе добијат повеќе информации“, соопшти ИФАБ.

ИФАБ исто така соопшти дека разговорот на главниот судија со колегите во ВАР собата ќе остане приватен.

За разлика од оваа новина, ИФАБ да се мери загубеното време во ситуации кога некоја екипа намерно одолговлекува. Тие сметаат дека решение за одолговлекувањето е подолгото продолжување на времето како што беше на Светското првенство во Катар, каде судиите често надополнуваа и по десет минути за едно полувреме.

- Оглас -

Најнови вести