Унгарскиот репрезентативец Роланд Шалаи ја одлучи 120-минутната драма во последното четвртфинале на Германскиот куп и му донесе пласман во завршницата на Фрајбург.
Гостите славеа со 2:1 против Бохум по две продолженија од по 15 минути, а Шалаи го даде решавачкиот гол буквално во последните моменти.
Претходно Фрајбург поведе со голот на Петерсен, а израмни Полтер за нерешено 1:1 во регуларниот дел.
Претходно во полуфиналето се пласираа и Унион Берлин, Лајпциг и единствтниот второлигаш во конкуренција за пехарот, тимот на Хамбургер.