Нова главоболка за Клоп: Ван Дајк денес не тренирал!

Ливерпул се наоѓа пред најтешкиот предизвик оваа сезона, без Салах и Фирмино да се обиде да надополни три гола негатива против Барселона во полуфиналниот реванш во Лигата на шампионите. Каталонците утре доаѓаат на „Енфилд“ охрабрени со фактот што Црвените се хендикепирани во пресрет на овој дуел, но и убедливата предност остварена минатата среда на „Камп ноу“.

Но, тука не е крајот на „кошмарот“ на Јирген Клоп, се појавија нови информации дека Вирџил ван Дајк денес не тренирал со остатокот од тимот. Холанѓанецот од непознати причини ја пропуштил последната подготовка пред мечот со Каталонците, па засега е непознато дали тој ќе се најде во стартните 11.

На тренингот не се појави ниту Алекс Окслејд-Чемберлен, но јасно е дека поголема загуба ќе биде доколку најдобриот играч на годината во Премиер лигата утре не игра.

- Оглас -

Најнови вести