Нова глупост на Обамејанг со што и одмогна на својата репрезентација

Пјер Ерик Обамејанг продолжува со своите лудории надвор од фудбалските терени.

Напаѓачот на Арсенал беше отстранет од првиот тим и му е одземена капитенската лента поради недисциплина, а тимот сега сака да го продаде.

Обамејанг во наредниот период треба да и помогне на својата селекција Габон на Афричкиот куп на нации, но тој закачи Ковид-19 „благодарение“ на малиот одмор во Дубаи.

Ауба со својот репрезентативен колега Марио Лемина имаа екскурзија во Дубаи каде што биле во неколку клубови и таму успеале да закачат корона.

Со тоа, тие двајца нема да можат да и помогнат на својата селекција во првото коло од АФКОН, каде што Габон за два дена ќе се соочи со Коморос.

- Оглас -

Најнови вести