Нова голеада на Баерн, Кејн со рекорд на кариерата

Баерн Минхен со 5-2 славеше на бундеслигашкото гостување кај „фенерџијата“ Дармштад, а Хари Кејн постави два рекорди.

Тој го постигна својот 31-ви гол сезонава, со што постави личен рекорд по број на голови во една сезона во некое првенство, и стана најефикасен дебитант во историјата на Бундеслигата.

Кејн до оваа бројка дојде после само 26 кола, а Англичанецот од Баерн има и девет асистенции.

Во добра форма е и Џамал Мусијала кој на пет лигашки средби едноподруго има гол или асистенција, а денеска даде два гола и имаше една асистенција.

После оваа победа, Баварците се на седум бода зад лидерот Баер Леверкузен, а Фармацевтите имаат и одиграно еден меч помалку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести