Направен е план Б како, односно каде би можела да се заврши прекинатата сезона во Премиер лигата. Идејата е преостанатите 92 натпревари да се одржат надворд од Англија, поточно на друг континент.
Австралискиот град Перт се нуди како решение за англиската елита и наводно властите на овој град ја поддржуваат идејата. Еден англиски фудбалски агент кој живее во таму по име Гери Вилијамс, вели дека тамошната Влада и Министерството за спорт исто така би дозволиле премиерлигашите да се пресметаатна нивно тло, а Перт нуди четири спортски стадиони на кои би можело да се одиграат преостанатите мечеви. Наводно и неколку клубови ја прифаќаат оваа идеја, а ќе им се смета како да се заминати на претсезонска подготвителна турнеја.
Инаку, Владата на Австралија драстично ги ублажи мерките против ширење на корона-вирусот откако речиси и да нема нови случаи на заразени, додека цела Австралија забележа само 93 смртни случаи предизвикани од вирусот, за разлика од Велика Британија која достигна бројка над 28.000 смртни счучаи.
На спортски план, натпреварувањата наскоро ќе се вратат во нормала, а националната рагби лига го одреди 28 мај за рестарт на сезоната.